(ВИДЕО) Емотивен говор на Џејсон Момоа: „Ќе ја уништиме Земјата и ќе се уништиме“

Познатиот актер Џејсон Момоа, или на пошироката јавност пзонат како аквамен на конференцијата Small Island одржа говор со кој потенцираше дека светските лидери не праваат доволно за борбата против климатските промени, човештвото го нарече„болест која ја зарази нашата планета“. Исто така, славниот актер истакна дека не сме и потребни на земјата.

„Со нашата креативност и иновација, ние се искачивме на местото на најмоќните живи суштества на планетата, но нашето его, нашите стравови и нашaтa немилосрднa борба  за профит нè прават единствениот вид што ја нарушува природната рамнотежа на нашиот свет. Ние сме живи последици на заборавените традиции. Ние страдаме од колективна амнезија. Ги заборавивме вистините што некогаш ги знаевме и така ќе ја уништиме Земјата и ќе се уништиме “, рече Момоа.

Во својот говор, тој исто така истакна дека штетните ефекти од човековата активност најмногу се гледаат на океаните и дека островите се составени од ѓубре што лежи на површината на Пацификот поголемо од Франција. Тој, исто така додаде дека доведовме до „катастрофална криза со пластично загадување“.


Актерот ги повика најголемите светски корпорации да не ја уништуваат животната средина и ги повика светските лидери да иницираат промена, велејќи дека е крајно време.