(ВИДЕО) Еве како Трамп е пренесен со хеликоптер во болница поради коронавирусот: Претседателот на Америка е во ризична група

Американскиот претседател Доналд Трамп е префрлен во Националниот воено-медицински центар Валтер Рид поради коронавирус, каде што ќе остане неколку дена по совет на лекар, се вели во соопштението на Белата куќа.

Хеликоптер „Марин оне“ слета во дворот на Белата куќа за да може претседателот Трамп безбедно да биде префрлен во медицинскиот центар Валтер Рид, објави Си-Ен-Ен.

Трамп има 74 години и проблеми со притисокот, поради што е во ризична група.