(ВИДЕО+ ФОТО) Убавина на небо: Започна Светското првенство во параглајдинг во Крушево

Крушево се стреми да стане една од најдобрите туристички дестинации за авантуристички туризам, па во име на таа цел, постојано работи на унапредувањето на параглајдингот.

Крушево според агенцијата за промоција и поддршка на туризмот го зголеми бројот на туристи за 50 отсто, а бројката се зголемила најмногу поради атрактивниот Мечкин камен како убава дестинација за летање со параглајдер.

Токму, денес небото над Крушево изгледа шарено и раздвижено, бидејќи денеска започна и Светското првенство во параглајдинг.

На првенството се очекува учество да земаат 49 земји со 150 натпреварувачи. Деновиве во убавините на Крушево ќе уживаат претставници од Бразил, Аргентина, Јужна Африка, но и од неколку европски земји.


Видео и Фото Фејсбук