Спорт // Спорт
ВИДЕО: Ѓоковиќ со кошаркарите ја пее химната на Србија, спектакл на дуелот Словенија -Србија
Словенија и Србија одиграа интересен натпревар во Љубљана, подготовки за претстојното ЕУРО, а во преполната сала „Стожице“, славеа „змајчеки“ по продолжение со 97-91 (86-86 во регуларниот тек).
Главни ѕвезди на паркетот беа Лука Дончиќ и Никола Јокиќ, на трибините секако вниманието го привлече Новак Ѓоковиќ кој со својот татко Срѓан го следеше во живо кошаркарскиот спектакл.
Ѓоковиќ беше „уловен“ од камерите како ја пее српската химна, тоа привлече многу внимание, а беше и цел на фановите кои сакаа фотографија со славниот тениски ас.