ВИДЕО: Ѓоковиќ со многу проблеми во Австралија, едвај до победа во Аделаида

Новак Ѓоковиќ запиша победа на АТП турнирот во Аделаида и обезбеди пласман во третото коло, но Србинот добро се испоти за да стигне до триумф против Французинот Квентин Халис.

По речиси два часа игра, Ѓоковиќ победи со 2:0 во сетови, но и за двата се играа во тајбрејк а Србинот ги доби со по 7:6.

Халис ги покажа слабите страни на Ѓоковиќ пред настапот на АО 2023, коментираат тениските аналитичари, тие се согласуваат дека формата на Србинот сепак оди во нагорна линија и добро се темпира за првиот Грен Слем турнир во годината.

„Едвај победив, Халис играше многу добро, како да е играч од топ 10 конкуренцијата. Се чувствувам добро, напредувам, ова е почеток“, рече Ѓоковиќ по мечот.

Ѓоковиќ има 31 победа во низа на тлото на Австралија, негов следен противник е Шаповалов кој со 6:4 и 6:3 беше подобар од Русинот Сафиулин.

https://twitter.com/dribling2021/status/1610910041690734592