ВИДЕО: Инцидент во ВМФЛ, полицијата го уапси навивачот кој прво им избега од теренот
Неверојатен момент на натпревар во ВМФЛ во Тетово, на дуелот меѓу Тетекс и Саса кој заврши со 0-2, навивач влета во теренот и му удри тупаница на гостинскиот напаѓач Бошко Ступиќ.
Да биде иронијата поголема, им побегна на полицајците, тие се обидуваа да го стигнат но залудно.
https://twitter.com/dribling2021/status/1576279067347005440
Сепак полицијата по мечот беше на нивото, го уапси навивачот кој предизвика скандал.
Полициски службеници на СВР Тетово денес (1 октомври) во 17 часот и 25 минути, во продолжението од првенствениот фудбалски натпревар Тетекс-Каменица Саса, во 94-та минута, го лишиле од слобода Н.А.(18) од Тетово, кој ја прескокнал оградата од главната трибина и физички го нападнал гостинскиот фудбалер Б.С.(38).од Пробиштип.
Тој е задржан во Полициската станица Тетово и по целосно документирање на случајот ќе му биде изготвен соодветен поднесок.