ВИДЕО: Инспиративната приказна на Марија Савеска, храбрата „Пепелашка“ од првата танцова инклузивна претстава на Балканот
За тоа како е да се толкува главната улога на „Пепелашка“ во првата танцова инклузивна претстава на Балканот, разговаравме со дваесетгодишната Марија Савеска која живее со церебрална парализа и претставува симбол за инклузија на младите лица со попреченост.
Состојбата со која живее Марија не ја спречува да го следи своето срце и активно да се занимава со музика и танц. За тоа каква ученичка е таа и колку вложува во музиката разговаравме со нејзината професорка по соло пеење Андријана Јаневска.
Енергијата и љубовта кон уметноста кои Марија Савеска ги негува, нејзината упорност и смелост храбро да чекори во животот и да ги поттикне останатите лица со попреченост да го живеат животот, без граници, беа клучни фактори оваа млада девојка да биде дел од кампања „Вложуваме во млади таленти“, поддржана од Асоцијацијата на спортски обложувалници на Македонија и да добие средства за да се надградува во полето кое најмногу ja исполнува, музиката и танцот.
ПР објава