ВИДЕО: Интер не се откажува од одбрана на титулата, го напаѓа Милан со нова победа

Интер запиша гостинска победа кај Удинезе со 1-2, водеше со два гола разлика до 72 минута, домашните намалија преку Пусето но не успеаја да стигнат до бод.

Со головите на Перишиќ и Мартинез во првиот дел, Интер ја најави победата по првите 45 минути.

Илија Несторовски остана на клупата за резерви и не доби шанса на оваа средба. Милан е прв со два бода предност во однос на Интер.

https://twitter.com/dribling2021/status/1520831146782773248