Спорт // Спорт
ВИДЕО: Историски ден за македонскиот фудбал
Крањ и Словенија засекогаш се дел од македонската фудбалска историја, на денешен ден во 1993 година, националниот тим го одигра првиот меч по распаѓањето на тогашна Југославија, а Македнија запиша победа со 4-1 против „змајчеки“.
Головите за Македонија ги постигнаа, Зоран Бошковски – Чоко, Дарко Панчев, Чедомир Јаневски и Драган Канатларовски.
Македонија настапи во овој состав:
Зоран Мицевски, Кире Грозданов (Неџмедин Мемеди 61`), Зоран Јованоски, Драги Канатларовски, Илија Најдоски, Чедомир Јаневски, Зоран Бошковски (Ванчо Мицевски 83`), Љупчо Марковски, Дарко Панчев, Бобан Бабунски (Горан Георгиевски 11`, Сашо Милошевски 79`) и Тони Мицевски, а селектор беше Андон Дончевски.
ВИДЕО: