ВИДЕО: Избегната трагедија, пливачката Алварез спасена од тренерот, загуби свест во базенот

Избегната голема спортска трагедија, Американката Анита Алварез беше спасена од дното на базенот од својот тренер за време на Светското првенство во водени спортови во Будимпешта.

Алварез престанала да дише и потона во базенот, веднаш по завршувањето на својот настап во финалето на Светското првенство во водени спортови во Будимпешта, а во дисциплината уметничко пливање.

Нејзиниот тренер Андреа Фуентес, со брза реакција успеа да ја извади Алварез на површината.


На Алварез  ова и се случува по вторпат, таа ја загуби свеста и на олимписките квалификации во Барселона минатата година.

„Анита е во ред. Лекарите ѝ ги проверија сите витални функции и сè е нормално“, изјави Фуентес.

ВИДЕО: 

https://youtu.be/B5dCM3UwTK4