Повеќе турски готвачи ја направија најголемата баклава во светот, тешка над 500 килограми.
Рекордот е впишан во Гинисовата книга на рекорди.
Баклавата е послужена на гостите во огромна тепсија на Самитот за гастрономија во Анкара. Мехмет Канбур, кој ја предводел групата од 14 готвачи од цела Турција, вели дека баклавата е тешка 518 килограми, што е двојно повеќе во споредба со претходниот светски рекорд. Три месеци биле потребни за да се направи ова гастрономско чудо. Баклавата е печена во една тепсија широка 2,5 метри и долга 7,5 метри, во посебно изградена печка.
Најголемата баклава во светот е исечена на 11.800 парчиња.