(ВИДЕО) Како божица: Џенифер Лопез целосно гола во новиот спот

Нејзините интимни делови од телото, сепак, се покриени и зачувани од очите на јавноста.

Латино дивата Џенифер Лопез го објави спотот за нејзината најнова песна „In The Morning“, а таа во видеото се појавува скоро целосно гола. 

Лопез во спотот е прикажана како ангел, со кратка платинеста коса - што е вистинска реткост, бидејќи скоро и да нема друго музичко видео во кое може да се види Џеј Ло со ваква фризура.


„Толку сум возбудена што ќе има видео за оваа песна. Полно е со симболика за мрачна, еднострана врска и сознание дека не можете да промените никого… Можете само да се промените вие самите! Рашири ги крилјата и одете си од некого или било што навистина не цени сè што можеш да понудиш“, напиша таа на Инстаграм објаснувајќи ја моќната порака која се крие позади видео записот.