(ВИДЕО) Како да го изладите врелиот автомобил за само неколку секунди?
Нема ништо полошо од автомобил кој цел ден стои на силното сонце.
Во текот на
топлите летни денови, температурата во автомобилите може да надмине и над 60
степени, што воопшто не е добро и буквално го оневозможува возењето. Дури и
најјакиот клима уред не може тука така да го излади топлиот воздух кој се наоѓа
во автомобилот, па возачите често мораат да излезат од колата и да ја остават
климата уклучена 10-15 минути, за да се излади автомобилот.
Меѓутоа, постои еден метод кој ќе ви помогне за само неколку секунди да го исфрлите сиот топол воздух од автомобилот.
Ќе го отворите прозорот од страната на совозачкото седиште, а потоа ќе ја отворите вратата од кај возачкото седиште. На овој начин ќе направите промаја која ќе го замени внатрешниот воздух со нов, свеж, така да температурата во автомобилот веднаш ќе стане поладна и попријатна.
Исто така, ако го паркирате возилото на сонце, свртете го воланот наопаку, за да биде ладен кога ќе го вратите назад во нормалната положба и покријте го менувачот, бидејќи ќе биде невозможно да го го користите, откако ќе се загрее на сонцето.