(ВИДЕО) Како изгледа бричењето на брадата во Индија за 30 центи?
Погледнете што ќе ви направи еден бербер во Индија, ако му дадете 30 центи...
Индија е место
кое мора да го посетите. Овде ќе се запознаете со сосем нова култура и луѓе кои
никогаш нема да ги заборавите. Меѓутоа, покрај сите туристички атракции и
вереројатната храна, постои уште едно место мкое мора да го посетите, а тоа се
локалните берберници.
За мала цена ќе добиете понуда која нема да можете да ја одбиете. Берберите во Индија ви нудат услуги кои ќе ве одушеват. Покрај основните услуги, бричење на брадата и шишање, можете да добиете неверојатна масажа на главата. Сите кои го испробале овој третман, коментираат дека чувството е неверојатно и ги извлекува и најмалите делчиња стрес од организмот и телото.
Она што сите посетители на Индија ги фасцинира е фактот што на секој чекор се наоѓаат вакви улични бербери кои можат да ви ја средат брадата на паркингот, покрај оградата или под ладовинката на некое дрво и сето тоа го правата за екстра ниска цена. Меѓутоа, уште пошокантна работае нивната професионалност и квалитетната услуга која што ја нудат.
Луѓето кои ги посетиле овие улични бербери велат дека бричењето во Индија им е едно од најдобрите и дека може да се спореди со берберниците кои своите услуги ги наплаќаат и по стотици долари.
Погледнете го видеото: