ВИДЕО: Кои се двајцата Македонци кои играле против Пеле, еден постигна гол пред 150.000 гледачи на Маракана!
Само двајца играчи од Македонија играле против Пеле и Бразил во историјата, тоа се легендите на Вардар, Методија Спасовски и Кирил Дојчиновски.
На денот кога не напушти „Кралот“ на фудбалот Пеле, се потсетуваме на историјата, Методија Спасовски и Кирил Дојчиновски се единствените Македонци кои играле против првата планетарна фудбалска ѕвезда, еден од најголемите на сите времиња во историјата на фудбалот.
Методија Спасовски и Кирил Дојчиновски (кој почина оваа година), како дел од репрезентацијата на Југославија настапија против Бразил во 1968 година на легендарната Маракана пред повеќе од 150.000 гледачи.
Двајцата Македонци беа стартери во тимот на Југославија предводени од селекторот Рајко Митиќ.
Гол за Југославија запиша Мето Спасовски во 7. минута, беше стрелец на првиот гол на мечот за водство на Југославија, а средбата со Бразил заврши нерешено 3-3.
Мето Спасовски ќе остане запишан во историјата како единствен Македонец досега кој постигнал погодок против Бразил:
ВИДЕО:
https://www.youtube.com/watch?v=gaBLejtxcLY&t=3s