ВИДЕО: Кралот Кирил, Нант спектаклуларно го испрати нашиот Лазаров

Нант се поклони на македонската ракометна легенда Кире Лазаров, нашиот најдобар ракометар на сите времиња, го одигра последниот натпревар за својот клуб, откако претходно ја најави пензијата.

Лазаров го одигра последниот меч за Нант пред домашната публика, клубот му приреди спектакл, а навивачите на трибините ставија круни на своите глави, додека ракометарите беа облечени во маици посветени на „Кралот“.

Нант уште во претходното коло го осигура второто место во француската Прва лига, но  во последното коло одигра професионално и со победа спушти завеса на сезоната во домашното првенство. Нант го надигра Тулуз и славеше со 32:18, а Лазаров во вториот дел блесна со три гола (два со спекталарни цепелина) и подели уште неколку одлични асистенции за соиграчите.

Одличен кај Нант беше Балагер со осум гола, а расположени беа и голманите - Робин одбрани единаесет, а Нилсен осум топки. Кај Тулуз, Фојхтман стрелаше шест пати во мрежата на противникот.

За време на викендот следи финалето на Купот меѓу ПСЖ и Нант, што ќе биде последен натпревар во сезоната и последен натпревар во кариерата на Лазаров.




Фото и Видео: Твитер