ВИДЕО: Краток говор на Ибрахимовиќ во соблекувалната, Италија му припаѓа на Милан !

Златан Ибрахимовиќ со Милан стигна до скудетото, 19-то за Милан, прво за „росонерите“ по пауза од 11 години.

Ибра со моќен мотивациски говор по освојувањето на титулата, од соблекувалната им се обрати на сите.

„Момци, бидете мирни, нема да се збогувам, од првиот ден кога дојдов, а потоа дојдоа и други, малкумина веруваа во нас. Но, кога дознавме дека треба да се жртвуваме, да патиме, да веруваме, да работиме, и кога се случи сето ова, тогаш станавме една компактна група, и кога си таков, можеш да ги достигнеш работите кои ние ги достигнавме. Сега, ние сме шампиони на Италија, а Милан е Италија, сакам да им се заблагодарам на сите соиграчи, на Паоло Малдини, Рики Масара и Иван Газидис од сите нас. Не беше лесно, но ние бевме вистински сезонава и сега сме шампиони на Италија“ – рече Ибрахимовиќ.


https://twitter.com/acmilan/status/1528745496742973441