Фризер го подмладил 30 години: Неверојатна трансформација, сликите пред и потоа ги шокираат луѓето

„Ова веќе не личи на истиот човек“, „Изгледаше многу постар, сега изгледа како тинејџер“, „Со нова фризура како да е 30 години помлад“... Коментарите се слеваат под видео објавено на Инстаграм од профилот Kluk cuts, фризерски салон од Сан Хозе, Калифорнија...

На почетокот на видеото гледаме маж како седи на фризерско столче и вели дека не се шишал од времето на пандемијата на коронавирус...

- Првпат доаѓам кај искусен фризер - признава човекот, кој потоа се препуштил во рацете на експертите. 

Фризерот веднаш му објаснил дека е грешка што ја пуштил косата за да може да ја залиже и да го покрие делот каде што му паднала косата...


А резултатите, ќе видите и самите, се зачудувачки...

„Не разбирам како успеавте да го направите ова. Ова е уметност“, „Ја вративте самодовербата на момчето“, го фалат следбениците на овој фризер кој на социјалните мрежи го следат околу 50.000 луѓе...


Фото и Видео: Инстаграм