(ВИДЕО) Луксуз кој плови: Надал се почести со јахта од 3 милиони долари!

Новак Ѓоковиќ и Роџер Федерер ги откажаа настапите на следниот голем турнир, Rogers Cup во Монтреал, а се уште се чека потегот на третиот член на големата тројка Рафаел Надал.

Пред тениската сезона да го однесе на северноамериканскиот континент, Шпанецот се одлучи малку да се почести. Својата материјална колекција ја збогати со нова јахта долга 24 метри вредна 3 милиони американски долари.

Станува збор за јахта од полско потекло која својата премиера ќе ја доживее во септември за време на Cannes Yachting Festival. Надал ќе ја добие дури следната година, но договорот за купопрожба на ова луксузно „бродче“ кое може да собере 12 луѓе веќе е склучен.

„За некој кој е од остров, како што сум јас, морето му е дел од животот. Не кријам дека сакам море. Секогаш кога сум на одмор во Мајорка, наоѓам време да одам на море и да уживам на брод. Многу сум среќен што ќе пловам со бродот Sunreef Yachts и би се заблагодарил на Франсис кој ми го овозможи ова“ - кажа тенисерот.