(ВИДЕО) Маск направи хаос во Сан Франциско! Поради потезите на милијардерот, започна итна истрага!

Градските власти на Сан Франциско покренаа истрага откако на зградата во центарот на Твитер без дозвола беше поставен голем знак „Х“.

Градските власти наведуваат дека за замена на букви или симболи на зградите е потребна дозвола.

Знакот „Х“ беше поставен откако полицијата во Сан Франциско ги спречи работниците да ги отстранат логото и името на Твитер од зградата претходно оваа недела.

Полицијата соопшти дека работниците не поставиле знак за предупредување за пешаци на тротоарот пред зградата.


Претставникот на Градскиот совет на Сан Франциско, Патрик Ханан, рече дека е потребна дозвола за поставување на знакот на врвот на зградата.

Милијардерот и сопственик на Твитер, Илон Маск, неодамна го смени познатото лого на компанијата Твитер и сината птица ја замени со знак Х.