ВИДЕО: Миовски блеска, два гола за Абердин во победата против Ст. Мирен

Абердин го победи Ст. Мирен со 4:1 на „Питодри стадионот“, второ коло во Шкотската лига.

Супер натпревар одигра нашиот репрезентативец Бојан Миовски, погоди двапати, еднаш од пенал, и еднаш од игра во триумфот со 4-1!

Миовски погоди од пенал во 24 минута, а потоа и во 37-та, ја најави убедливата победа.

https://twitter.com/dribling2021/status/1555941196660445187