(ВИДЕО) Модерната еж фризура
Сигурно се сеќавате на периодот кога еж фризурите беа неверојатно популарни.
Оваа фризура доминираше во почетокот на 2000те години и се обликуваше со огромна количина на гел, со чија помош се правеа „боцки“ кои потсеќаат на боцките на ежот. Оваа младелачка фризура, брзо падна во заборав и повеќе никој не се осудуваше да ја носи, се до сега кога нејзината мода повторно се враќа.
Секако, ова не е типичната еж фризура на која сме навикната, туку модернизирана верзија која ќе ви овозможи да изгледате модерно и елегантно, но и ќе внесе свежина и младелачки дух во вашиот стил.
За разлика од старата еж фризура, овој пат не се користи гел, туку крем за стилизирање и восок, а косата од темето на главата се подига целата во висина, освен прамените на врвот од темето. Исто така, косата не треба да биде премногу остра и да има преголема разделба помеѓу прамените, но треба да има убава структура и да биде неуредна.
Погледнете го видеото кое ќе ви покаже како да ја направите оваа фризура. Покажете го истото и на вашиот фризер, доколку сакате да ја имате оваа фризура и тој точно ќе знае што треба да ви направи, за да ви го овозможи овој изглед.