ВИДЕО: Најцрниот момент од инцидентот, Јабуселе од Реал како кечер го повреди Егзум од Партизан

Кошаркарите на Реал Мадрид  и Партизан вчера не го доиграа натпреварот при резултат 80:95 за тимот од Белград, поради тешкиот инцидент на 100 секунди до крајот.

Судиите долго ја прегледуваа  снимката, петорките на двата тима во моментот учествуваа во инцидентот предизвикан и од Љуљ, а продолжи со крвничкиот потег на  францускиот кошаркар Гершон Јабуселе.

Тој како кечер со боречки потег го фрли Данте Егзум. Раководството на Евролигата ќе ги објави казните пред дуелот број три во Белград, а Партизан води со 2:0 во победи и му е потребна уште една за пласман на Ф4.

ВИДЕО- КРВНИЧКИ ПОТЕГ НА ЈАБУСЕЛЕ:

https://twitter.com/dribling2021/status/1651865260788260865