(ВИДЕО) Најдобриот начин за смукање на автомобилот!
Сигурно ви се има илјада пати случено да не можете да ја исмукате целата прашина што се собира на тепихот од вашиот автомобил.
Најмногу прашина
во автомобилот се собира на патосниците. Бидејќи се изработени од материјал кој
има влакнеста текстура, дел од дамките знаат да се заробат и да се претворат во
вистинска ноќна мора за чистење. Дури и најјаките правосмукалки некогаш не можат
да ги исчитат извалканите делови од патосниците и тогаш возачите навистина
мачат мака.
Меѓутоа, постои едноставен начин кој ќе ви овозможи перфектно да го исмукате автомобилот. Се што треба да имате е една тврда четка со која ќе се ослободите од заробената нечистотија и дамки на патосниците. Четката треба да е груба и широка, за да ви овозможи брзо и ефективно да го исчистите автомобилот.
Постојат и специјални гумени четки кои со леснотија ја ослободуваат нечистотијата и кои може да ги купите во подобро снабдените продавници за авто делови. Ако немате таква четка, може да ви помогне и стара четка за коса, како и четки за рибање. Исто така може да користите и фурминатори кои се користат за чешлање на животните, бидејќи успешно ќе ги извлечат нечистите остатоци од површината.
Кога ќе го исчеткате подот и патосниците, ќе видите со каква леснотија ќе се решите од целата нечистотија.