(ВИДЕО) Најдобрите вежби кои можете да ги правите и на плажа

Со помош на овие вежби ќе останете во форма, дури и кога сте на одмор...

Сигурни сме дека времето на плажа најмногу го користите за лежење и спиење, но потрудете се да останете активни и да направи по некоја вежба, бидејќи така ќе бидете сигурни дека вашето тело нема да испадне од форма и дека ќе биде силно и здраво.

Ние ви претставуваме вежби кои ќе влијаат на вашата сила, но и кои ќе ви помогнат да го согорите вишокот на масни наслаги. Овие вежби се едноставни и совршени се за да се прават на песочна подлога. Правете ги доцните попладневни часови, кога сончето почнува да заоѓа и кога температурата на плажа е пријатна.

По завршениот тренинг, слободно избањајте се во море и на тој начин ќе добиете одлично телесно опоравување кое ќе ве подмлади и засили.