(ВИДЕО) Новак заигра Ужичко оро на тераса: Хотелот во кој Ѓоковиќ е во карантин е вистински луксуз
Фото: Твитер и Инстаграм/Novak Djokovic
Најдобриот тенисер на светот очигледно е одлично расположен и подготвен да се забавува во секој момент
Карантинот на Новак Ѓоковиќ во Аделаида очигледно не е премногу тежок, судејќи според снимките што се појавуваат на социјалните мрежи и во австралиските медиуми.
Најдобриот тенисер на светот редовно излегува на терасата од просторијата во хотелот каде што е сместен во карантин од 14 дена, а оттаму често разговара со навивачите, па дури и со медиумите.
Сепак, најимпресивната сцена беше видена во четвртокот, кога група српски навивачи пред хотелот на Новак вклучија гласна музика и мелодија што е карактеристична за хармоника кога се свират традиционални српски ора.
Многумина играа со српски знамиња, вклучувајќи го и самиот Новак, кој не остана имун на тоа, излезе на терасата и го одигра Ужичкото оро, со што беше комплетиран спектаклот.
Како изгледаше, уверете се во видеото ТУКА
Погледнете го карантинот во кој се наоѓа Новак Ѓоковиќ:
ФОТО: majesticmsuites.com.au