ВИДЕО: „Нула“ во Тетово на дербито, Струга максимална со осма победа, еврогол на Стојкоски во Струмица

Одиграни четири средби во ПМФЛ-8коло, Струга запиша победа против Тиквеш, на дербито во Тетово без голови меѓу Шкендија и Шкупи, еврогол на Стојкоски од Македонија ЃП за триумф во Струмица против Академија Пандев.

Дербито во Тетово заврши со „нула“, Шкендија и Шкупи одиграа 0-0, Струга со головите на Ибраими во 9 и Илиески во 88 минута запиша осма победа на осмиот меч сезонава, единствена со максимален ефект, гази во ПМФЛ.

Македонија ЃП ја победи Академија Пандев со 1-0, решавачки беше голот на Стојкоски во 10 минута, еврогол за насловни шпици.

Работнички со голот на Рушевиќ во 30 минута ја потопи Победа.

ЕВРОГОЛОТ НА СТОЈКОСКИ:

https://twitter.com/dribling2021/status/1571134676911419392