ВИДЕО: Ова е голот на Вардар за голема победа против Воска, следува „пекол“ во финишот на ВМФЛ-Запад

Вардар со минимални 1-0 запиша голема победа против конкурентот Воска за пласман во ПМФЛ, средба од Втората лига – Запад во 25. коло.

Со оваа победа „црвено-црните“ и натаму се во игра за втората позиција на табелата, ова значи бараж за враќање во Првата лига.

Единствениот гол за Вардар го постигна Бенјамин Демир во 64. минута од средбата.

https://twitter.com/dribling2021/status/1520459380055027715


Резултати – 25. коло:

ВОСКА – ВАРДАР 0-1

СИЛЕКС – ТЕТЕКС 2-0

ОХРИД – КАДИНО 6-2

КОРАБ – ГОСТИВАР 0-0

БЕСА – ВЕЛЕШТА  8-1