ВИДЕО: Пехарот од Мундијалот во Скопје, гостин Бразилецот Силва, поздравен од Пендаровски и Сејдини

Оригиналниот  златен трофеј од ФИФА Светското првенство, денес беше претставен во Скопје. 

Македонија е дел одпеттата турнеја на трофејот организирана од  страна на  „Кока кола“.

На настанот пристствуваше и легендарниот Бразилец, Жилберто Силва, амбасадорот на ФИФА.

Претседателот Стево Пендаровски ги поздрави приситните. 

„Мислам дека еден ден, наскоро, во не толку далечната иднина, наместо претседател на државата, овој трофеј ќе го допре и има во раце капитенот на фудбалската репрезентација, да го крене високо и да го имаме како реплика во нашата федерација, јас верувам дека тој ден не е далеку, иако така се чини - рече Пендаровски.

Гостин беше и претседателот на ФФМ, Муамед Сејдини.

Моментите на фудбалска еуфорија на нашата држава ќе ги паметиме цел живот, а ова нека биде само поттик да обезбедиме пласман на следниот Мундијал - рече Сејдини.


https://youtu.be/DCSq2ki5KBs