(ВИДЕО) Плажа на смртта: Вистински гробишта за туристите
Често се
случува телата на жртвите да се најдат многу подоцна
Плажа во Египет е позната по прекарот „Плажа на
смртта“ и ова не е преувеличување. Пред само неколку дена, светот беше шокиран
од трагедијата што се случи таму, се удавија 11 лица.
Според блиц.бг, грозоморниот инцидент се случил на
бреговите на Средоземното море кај Александрија и сето тоа започнало кога младо
момче влегло во водата и почнало да се дави.
Кога еден човек скокнал за да го спаси, тој исто
така бил вовлечен во водата. Истата работа се случила со девет други луѓе кои
ги следеле и сакале да ги спасат, изјавил генералот мајор Џамал Рашад за„Индипендент“.
Сè уште не е јасно дали жртвите имале семејна врска.
Спасувачките екипи пронајдоа седум тела а сè уште се трага по останатите.
Морето во близина на Александрија е многу посетено во текот на летото, но во моментот плажите се затворени и нема спасители заради пандемијата на коронавирус.
Палм Бич, вистинското име на плажата, одамна е позната по своите смртоносни води. Секоја година има голем број на удавени лица, а причината е силните струи, бурните бранови и карпестиот брег на плажата. Пратениците во земјата постојано повикуваат на затворање на плажата за посетители.
Плажата е долга 1600 метри. А во периодот од 2005 до
2019 година, во водите на таа плажа се удавиле 942 лица.
Владата ги повикува луѓето да ги почитуваат
наредбите и да не одат на плажите. Илјадници луѓе обично шетаат низ
Александрија на плажа, за освежување за време на големите температури.
Иако Египет попушти многу ограничувања од мерките против
ширењето на коронавирусот за поддршка на нејзината економија, плажите сепак
остануваат ограничено подрачје.
Извор: pochivkata.blitz.bg
Црвено мочуриште: Доаѓаат од целиот свет за да се восхитуваат на уникатниот поглед