ВИДЕО: Победнички почеток, Македонија -Малта 2-1, Елмас и Чурлинов за три бода

Се помни резултатот, тоа е најважно, Македонија ја скрши Малта во вториот дел со головите на Елиф Елмас и Дарко Чурлинов, разочаравме во првиот дел, но важни се трите бода.

Македонија запиша победа и тоа е најважното од мечот со Малта, Елмас во 66 и Чурлинов во  72 минута беа играчите кои го решија мечот. Голот за Малта е дело на Јаник.

Селекторот Благоја Милевски во финишот на натпреварот доби црвен картон и тоа директен во финишот, и тоа значи дека ќе го немаме на клупата најмалку еден меч, против Украина во јуни, а можно е и против Англија на гости.

ВИДЕО -Голот на Дарко Чурлинов:

https://twitter.com/dribling2021/status/1639020317115908098

Од нашата група, Италија загуби од Англија во дербито на денот со 1-2 во Неапол.