(ВИДЕО) Путин супериорно: Русија ги има најмоќните и најдобри авиони во светот

Рускиот претседател Владимир Путин изјави дека рускиот борец Су-57 е најдобриот  авион во светот во однос на тактичките и техничките карактеристики.

  „Су-57, или PAK FAm, е перспективен авион за напад. Тој е најдобриот авион на располагање на Русија. Дури е најдобар во светот во однос на техничките и тактичките карактеристики, но и во однос на оружјето. Ниту еден авион не може да лета како што може овој авион“, нагласува Путин.

Су-57 е борец од петта генерација со намалена видливост, овозможувајќи му да не биде откриен од страна на непријателските радари и други сензори за време на операциите во воздушниот простор.

Тој е во состојба да лета со суперсонична брзина, во режим на супер полнење на моторот, односно супер крстарење, што му дава голема предност во борбата за надмоќ на воздушниот простор.