(ВИДЕО) Родителите го пронајдоа синот кој бил киднапиран пред 32 години

Кинеска двојка го пронашла нивниот син кој бил киднапиран пред хотел пред 32 години.

Мао Јин имаше само две години кога беше киднапиран на 17 октомври 1988 година. Тоа се случи на патот од градинката до нивниот дом во градот Ксиан, кога таткото застана на влезот во хотелот за да му донесе вода на својот син. Во моментот на невнимание, момчето исчезна, пишува Би-Би-Си.

Неговите родители се обидоа да го најдат, тие лепеа постери, но без успех. Неговата мајка Ли дури и си поднесе оставка за да се обиде да го најде својот син, направи 100.000 летоци и ги дистрибуираше во повеќе од десет кинески провинции, но тоа не помогна. Со текот на времето, таа се посвети на поврзување на родители и деца и ја основаше организацијата „Бебе се врати дома“, и помогна во околу триесет случаи во кои родителите ги најдоа своите киднапирани деца.

Сепак, 32 години подоцна, полицијата добила извештај за човек од провинцијата Сечуан, оддалечен околу 1.000 км од Ксиан, кој го посвоил својот син пред повеќе од три децении. Тој денес беше 34-годишен маж, а ДНК-тест утврди дека тој е киднапиранот Мао Јин.

Како дете, тој бил продаден на кинеска двојка за околу 840 долари. Неговата биолошка мајка ја доби веста за наоѓањето на нејзиниот син на Денот на мајката.

Киднапирањето и трговијата со деца се вообичаен проблем во Кина со децении. На веб-страницата на споменатата организација има податоци за 14.893 изгубени момчиња и 7.411 девојчиња.

ВИДЕО: