(ВИДЕО) Што ќе ви се случи доколку погодите дупка на патот?
Нашите патишта кријат доста опасности, а најголемата опасност се дупките кои ги има насекаде и кои буквално знаат да не изненадат понекогаш.
Сите знаеме дека брзото преминување преку дупка не е ни малку добра работа за нашиот автомобил, но знае да се случи и сето ова да е невозможно да се избегне.
Се поставува прашањето што се случува со нашето возило кога удираме во една просечна дупка или дали автомобилот може да се оштети на тој начин?
Ударите и премините преку дупка на патот можат да бидат поопасни отколку што можете да замислите. Секој јак удар е штетен за вашите гуми, тркала, системот за суспензија, но и за целиот автомобил во суштина. Понекогаш е доволен само еден јак удар за да причини потполна катастрофа во која сопатниците можат сериозно да се повредат, па дури и да го изгубат својот живот.
Најчестите проблем кои можат да ви се случат поради удар во голема дупка се проблеми со трапот. Трапот и суспензијата на вашиот автомобил се состојат од многу подвижни зглобни делови кои можат да пукнат и да се скршат, што може навистина да влијае врз вашето возење и вашата безбедност.
Најголеми показатели кои укажуваат дека нешто не е во ред со автомобилот е мрдањето на воланот, нерамномерно движење на автомобилот, чудни звукови, бучава и треска која може да се појави. Штом ги воочите овие симптоми, веднаш однесете го вашиот автомобил на механичар за да утврдите каде точно се крие проблемот.
Погледнете го видеото кое точно ќе ви покаже што се случува кога ќе преминете преку голема дупка: