ВИДЕО: Скудетото останува во Милано, Милан по 11 години стана шампион на Италија

Милан го победи Сасуоло со 3-0 на гости, со тоа ја потврди првата позиција и титулата која ја чекаше 11 години.

Италија доби нов шампион, но титулата останува во Милано, Интер не ја одбрани шампиинската круна иако ја победи Сампдорија дома со 3-0, а Милан стигна до шампионскиот трофеј.


Леа три пати асистираше, Жиру постигна два гола, еден Кеси, сите во првиот дел.

ВИДЕО: 

https://twitter.com/dribling2021/status/1528416819333238785

Од Италија, Милан, Интер, Наполи и Јувентус ќе играат во Лигата на шампионите, клубовите од Рим, Лацио и Рома во Европа лигата,  Фиорентина во Конференциската лига.

ФОТО: AC MILAN