(ВИДЕО) Со кој пее Раде Шербеџија за време на коронавирусот?

Овој филмски, телевизиски и театарски актер, поет и музичар, кој имаше и неколку улоги во холивудската продукција реши да ужива колку што може во екот на вирусот.

Раде Шербеџија е оженет за режирската и актерка Ленка Удовички, со која ги има ќерките Нина, Милица, Алма и Вања. Од првиот брак ги има ќерките Луција и синот Данило.

Бидејќи таму каде што го поминува карантинот не важат мерките за изолација за лицата постари од 65 години, Шербеџија голем дел од времето го поминува на чамец, а овој пат друштво му правеше најмладата ќерка Милица.


Тие двајца со гитара ја запеаја песната за Хаклбери Фин, кој е најдобар пријател на Том Сојер. Оттука е и пораката која Шербеџија ја напиша покрај видеото кое го сподели на Фејсбук:

„Еве да ви покажам конечно кој е мојот снимател... Тоа е мојата најмлада ќерка Милица, која ја викаме Мими... И доколку таа е мојот Хаклбери Фин, тоа значи дека јас се уште сум Том Сојер!“