ВИДЕО: Статистички подобри од Бугарија, резултатски само бод за Македонија

Бугарија -Македонија 1-1 во Разград, само бод за македонската репрезентација која според играта, залагањето и статистиката заслужи три.

Домашниот тим поведе во 13 минута со голот на Десподов, со 1-0 за Бугарија заврши првиот дел.

По само пет минути игра во вториот дел, Милан Ристовски погоди за 1-1.

ВИДЕО:

https://twitter.com/dribling2021/status/1532410969447714817

Македонија продолжи со отворена игра во второто полувреме, и по израмнување, севкупно имавме 15 шута по голот на противникот, Бугарија само 3, а постигна еден гол, за нив голем бод.

Имаше и ВАР снимка за пенал во 94 минута, Муслиу со ракта до тело, Пињар прво досуди пенал, а потоа по прегледување на снимката ја смени одлуката. 

Следно за Македонија е Гибралтар на 6-ти јуни, кој загуби со 4-0 од Грузија на гости.