(ВИДЕО) Стоп за Федерер! Ниту најпопуларниот Швајцарец не може да гради вила на езерото
Иако е најпопуларната личност во Швајцарија, ниту Федерер не може да гради каде ќе посака...
Роџер Федерер,
швајцарски тенисер и моментално најтрофејниот освојувач на грен слемовите,
поседува огромно земјиште на езерото кај Цирих со површина од 18.000 квадратни
метри. Роџер со новата идеја посакал на тоа место да направо објект, кој ќе се
наоѓа на самото езеро.
Целата таа замисла е прекрасна, но Федерер сака обалата на езерото да ја направи јавна за сите и тој објект да стане јавен, но тоа не е возможно, пренесуваат швајцарските медиуми.
Всушност, се проценува дека Федер за плацот од 18.000 квадратни метри платил дури 45 милиони евра.
Федерер на ова место планирал да изгради империја, голема вила со разни комплексни згради и со сопствен тениски терен. Сепак, ќе биде потребно доста време за сето ова да биде завршено, бидејќи прво мора да се направт сите инфраструктурни планови, за кои се потребни два до три месеци.
Но, граѓаните на овој дел од градот се против. Уште сега веќе премногу луѓе го посетуваат тој крај, што им смета на жителите, а никој од нив не сака тој дел од градот да биде уште попопуларен и фанови да им поминуваат пред куѓите и да им прават галама.
Здружението за заштита на природата и езерата на Швајцарија, на чело со Виктор Вон Ватрибург (76) е против оваа идеја и не му дозволуваат на Федерер да гради. Моментално во тек е нивниот спор, но засега нема се огласено државата и власта кои треба да го дадат последниот збор.
Погледнете како изгледа местото за кое моментално се води една од најинтересните битки помеѓу јавна личност и здружение за заштита на животната средина.