ВИДЕО: Вардар со игрч повеќе не го победи Гостивар, одлично дерби пред полни трибини

Вардар и Гостивар  одиграа 0-0 во дербито на 24 коло во ВМФЛ. 

Вардар имаше играч повеќе цели 55 минути вкупно на средбата откако Стојан Стојчевски заработи директен  црвен картон во 38 минута од Гостивар по стартот врз Размоски.

Вардар не ја искористи предноста од играч повеќе во натпревар кој донесе шанси на двете страни, убав фудбал, на нивото на прволигашкиот но недостасуваа само голови.

Средбата започна со прв удар кој го изведе легендата на Вардар, Андон Дончевски.

ВИДЕО: 

https://twitter.com/dribling2021/status/1646883999741009920

Борбата за првите две позиции продолжува, а табелата по денешните 0-0 меѓу Вардар и Гостивар не донесе промена на првата позиција, Воска Спорт е лидер со 56 бода, исто така и Вардар има 56 бода, но охриѓани се со меч помалку. 

Гостивар е трет со 55 бода, а потоа следи Пелистер кој има 47 бода и исто така меч помалку.