(ВИДЕО) Вил Смит со улога во МАТРИКС – како би изгледало тоа
Верувале или не, Вил Смит бил првиот актер избран за главен лик во Матрикс, но не му се допаднала идејата за филмот и ја одбил оваа понуда ...
Киану
Ривс како актер за главен лик беше вториот избор, кој на крајот се покажа како
најдобар, а филмот „Матрикс“ стана револуционерен и веќе култен филм кој доби уште две
продолженија и донесе комплетно нови визуелни ефекти и акција во Холивуд. Кариерата
на тогашниот млад Киану Ривс
започна да расте поголема и тој стана мега ѕвезда за која сите дознаа
благодарение на овој филм.
Иако Ривс беше генијалец во „Матрикс“, многумина се прашуваат како би изгледал филмот ако Вил Смит ја беше прифатил улогата. Благодарение на новата технологија, сега можеме да го видиме тоа. Deepfake технологијата станува се понапредна, овозможувајќи ви да ги замените лицата на луѓето со други лица користејќи компјутерска програма.
Она што е интересно е што новите лица ги следат мимиките и изрази на лицето преку кои се залепени, и дека тоа изгледа неверојатно реална и вистинито. Каналот на Јутјуб наречен „Sham00K“ користеше deepfake технологија за да го залепи лицето на Вил Смит врз лицето на Киану Ривс.
Погледнете го видеото и верувајте ни дека ќе бидете воодушевени.