Тренд // Патувања
(ВИДЕО): Во овој рај имате и подводна соба
Опуштање за сите сетила.
Се наоѓа во Танзанија, на островот Пемба. Отворена уште во 2013 година, „Подводната просторија“ на „Манта Ресорт“ е само на две минутно возење со брод од плажата, сместена на минијатурен остров.
Сместувањето на три нивоа нуди поглед на коралниот гребен од подводната спална соба, како и уживање во ѕвезденото небо од платформата на покривот.
Инаку, хотелот е познат по одлични програми за нуркање на локации околу островот Пемба. Цената на апартман е 1.700 долари, а минималниот број на ноќевања е три.