(ВИДЕО+ФОТО) Најмодениот паричник на светот: Дали сакате да го поседувате
Ако некогаш сте посакале ултра-модерен паричник направен од
високо-технолошки материјал, тогаш денес е вашиот среќен ден…
Паричникот за кој зборуваме овој пат е создаденод компанијата Billetus, сместенa во близина на Сан Диего, а станува збор за минималистичка убавина изработена од егзотични материјали како титаниум, јаглерод и балистички најлон.
Наречен е Billetus MAXX, овој паричник има футуристички, модерен изглед, како суперавтомобил што можеме да го видиме денес, со совршен баланс на формата и функцијата, смело присуство и многу мала тежина. Практично, тоа е тенок паричник кој може да биде совршен додаток за вашите пари и кредитни картички, со централен џеб и дополнителни џебови од двете страни.
Кога е целосно наполнет, овој паричник може да држи до 15 картички и 15-20 банкноти, благодарение на супер тенките инсерти од титаниум. Овој кул додаток доаѓа во комплет со Cardus Openus - најневеројатниот и тенок отварач за шишиња, кој во исто време ја игра улогата на линијар.
Инаку, во текот на изминатите години, компанијата Billetus претстави неколку верзии на овој паричник, од кои секој поединечно беше импресивен.
Покрај стандардната верзија, можете да изберете и други примамливи верзии со тема по вашата желба.