(ВИДЕО+ФОТО) По трите земјотреси во Албанија, граѓаните преплашени, згради оштетени, но и голем број повредени

Во трите земјотреси кои ја погодија соседна Албанија расте бројот на повредени лица.

Најпогодени од земјотресот се главниот град Тирана и Драч.

Досега според албанските медиуми околу 7 лица се повредени, а во некои делови од земјата нема електрична енергија.

Според медиумите, последниот земјотрес бил со јачина од 4,4 степени по Рихтер, додека првиот којшто се случи во 16:04 минути беше посилен и изнесуваше 5,8 степени по рихтер.

На видео снимките од граѓаните се гледа дека има голем број на оштетени згради  други објекти.