ВИДЕО/ФОТО: Вардар се врати во ПМФЛ!

Вардар со 3:0 го победи Скопје во баражот и  се врати во ПМФЛ а го врати градскиот ривал во Втората лига.

По две години поминати во Втората македонска фудбалска лига, Вардар е повторно на местото кое природно му припаѓа, Прва лига на најтрофејниот клуб во Македонија.

Дарко Размоски запиша два гола, првиот во третата минута и го најави пласманот во ПМФЛ.

Конечните 3:0 ги постави Дарко Глишиќ од слободен удар во 60 минута. Скопје играше цело второ полувреме и дел од првиот дел со играч помалку по црвениот картон на Миле Тодоров кој фрли факел кон трибината каде што се наоѓаа „Комити“, по што беше исклучен од главниот судија Александар Ставрев.

ВИДЕО:

https://twitter.com/dribling2021/status/1660332512575455233