ВИДЕОТО предизвика лавина коментари: Туристи во стампедо за лежалки во луксузен хотел
Во екот на туристичката сезона, од луксузен хотел во
Тенерифе пристигнува видео од луѓе кои се тркаат до лежалките на базенот.
За жал, главната слика што можеме да ја видиме на плажите во текот на летната туристичка сезона се начините на кои туристите се обидуваат да ги обезбедат најдобрите места покрај морето.
Видеото објавено на Тикток покажува како изгледа кога туристите брзаат да ги најдат најдобрите места околу базенот во хотел со четири ѕвезди.
Тиктокерот Клои Тарнер покрај видеото напиша: „Уште еден ден, уште една војна за лежалки“.
Како што пишува travel.nine.com.au, хотелот во Тенерифе бил полн со туристи и немало секогаш доволно лежалки за секого, а доста често требало туристите да чекаат час и половина за да обезбедаат лежалка и да уживаат во одморот покрај базенот.
Затоа, на дел од туристите им текнало буквално да трчаат во зори за да ја окупираат посакуваната лежалка.
@chloeturner_1 Another day another sunbed war #holiday #tenerife #playadelasamericas #sunbeds original sound - Chloe Turner
Ова видео предизвика многу негативни коментари. Луѓето не се двоумеле да ги опишат туристите од видеото како „куп идиоти“.
„Тажно. Тие го носат целото свое непријателство и тензии со себе на одмор.
Меѓу неколкуте позитивни коментари беше и овој: „Понекогаш треба да си обезбедиш лежалка“.
Фото и Видео: ТикТок
Извор: Б92