Првата испорака на автомобилот од новата фабрика на Тесла во Шангај, Илон Маск ја прослави со одење во Кина и изведување на стриптиз пред своите вработени.
На церемонијата организирана по тој повод, 48-годишниот претприемач, на песната "More Than You Know" од Axwella и Ingrossa, започна да се расоблекува и да игра откопчувајќи дел по дел.
Воведе и мал танц во стилот на "Walk Like An Egyptian".
Додека некои аплаудираа, други ги вадеа телефоните и снимија што се случува на сцената.
На големо беше исмеан на социјалните мрежи, а многумина сметаат дека е срамно да се види славниот Маск како кловн, односно стриптизер.