ВИКЕНД ХОРОСКОП: На нечија врата ќе затропа романса
Овен
Обврските ви се натрупани и ќе имате впечаток дека нема да успеете да се изборите со нив овој викенд. Ќе имате помош, така брзо ќе завршите и ќе уживате во викендот.
Бик
Насочете го вашето внимание на некои пријатни случување и не оптеретувајте се со негативни работи на кои не можете да влијаете.
Близнаци
Му замерувате на партнерот и му префрлате без причина, не оптеретувајте се толку со мали работи, не може да биде само онака како што вие си имате замислено.
Рак
Имате нереални очекувања кога е љубовта во прашање. Никој не може да ги исполни високите критериуми и вие се тешите дека ќе ви биде подобро без нив. Но, дали ви е?
Лав
Ќе сретнете стара симпатија и тоа ќе ве усреќи, но мора да сфатите дека луѓето се менуваат и дека ќе имате впечаток како да запознавате потполно поинаква личност.
Девица
Вашиот партнер точно знае што сака да оствари, додека вие се премислувате. Немојте тоа да влијае на вашата врска, пробајте да се избалансирате помеѓу овие две крајности.
Вага
Изненадувањата се можни во различни правци. Доколку нешто не пробате, нема ни да знаете дали е добро или не. Премногу сте негативни, пробајте да се орасположите.
Шкорпија
Доживеавте големо разочарување, но одбивате да се соочите со тоа. Дајте си себе време да застанете на нозе, нема потреба да се форсирате.
Стрелец
Умеете да освоите нечии симпатии и немојте да дозволите да ви недостасува имагинација или инспирација тогаш кога ви е најпотребна.
Јарец
Ќе се сретнете со стара симпатија и ќе ви се укаже можност да продолжите каде што сте застанале. Романсата повторно чука на вашата врата.
Водолија
Некој ви упатува љубовни пораки и директно ви дава до знаење што мисли или чувствува, но вие сте неодлучни.
Риби
Љубоморни сте и мислите дека партнерот нешто крие од вас. Не носете нагли одлуки и решете ги проблемите со разговор. Почнете го викендот со убаво кафе.