Винска вечер со Алхемист – дегустација на француските Peyrassol вина во SushiCo

Во амбиент на култивиран вкус и префинетост, вчеравечер во ресторанот Сушико, се одржа ексклузивна винска вечер организирана од Алхемист, овластен дистрибутер на француската винарија Peyrassol во Македонија, Хрватска и Турција.

Вечерта започна со обраќање на Karim Chauvin, претставник од винаријата Peyrassol, кој ја сподели приказната за оваа историска винарија, основана во 13 век во срцето на Прованса. Денес, Peyrassol е синоним за органски култивирани лозја, елегантни вина и традиција вплетена со современост.

Дегустацијата продолжи под водство на винскиот експерт Јадранка Клариќ Кимовска, која ги запозна гостите со четири внимателно селектирани етикети.

Chateau Peyrassol Rose – елегантно розе со ноти на бела праска, шумско овошје и суптилна минералност

Peyrassol La Croix – свежо и лесно розе со овошен карактер и деликатен цветен финиш

#LOU by Peyrassol Blanc – бело вино со арома на лимета и јаболко, совршено избалансирано иживо

#LOU by Peyrassol Rose – ведро и модерно розе со ароми на малина и циструс создадени за лесни и пријатни мигови

Винската уметност на внимателно селектираните етикети кои се дегустираа, се споија со автентичните вкусови на азиската кујна и создадоа уникатно гастрономско искуство за сите гости.

Овој настан уште еднаш го потврди стремежот на Алхемист да понуди врвни вински искуства и да ја доближи современата винска култура до македонската публика.

Вистинските љубители на добро вино, можат да ги нарачаат овие и други вина од колекцијата на Алхемист преку инстаграм профилот alchemist_mk, или да ги пробаат во некои локали во Скопје - SushiCo, SushiCo Zen, Salvatore, Intermezzo Music Bar, Oeno Bar, Воденица, Дукат, Два Елена, Ботаника како и во Bistro & Wine Shop – Wineberry.

ПР објава