Вистинската причина зошто Емир Кустурица се крсти и премина во православие: Еве кој никогаш не му простил, но има силна причина за таквата одлука!
Познатиот режисер и сценарист Емир Кустурица, чие дело го обожаваат ширум светот, донесе одлука која предизвика големи реакции. Неговото име со децении е синоним за уметност и филм, а за неговата работа му беше доделена и најпрестижната филмска награда. Кустурица стана меѓународна ѕвезда, па дури и големи холивудски личности беа подготвени да глумат во неговите филмови.
Меѓутоа, во 2015 година Емир Кустурица донесе одлука која шокираше многумина - реши да се крсти и да ја смени верата. Овој чин предизвика различни реакции, особено кај Бошњаците кои го сфатија како предавство.
Иако режисерот тврдеше дека „не се преобрати“, туку дека го прифаќа само христијанството, многумина неговото однесување го протолкуваа како чин на враќање на корените, земајќи го предвид историскиот контекст на неговото потекло.
Кустурица постојано истакнуваше дека неговите предци морале да преминат во ислам за да преживеат под власта на Турците, но дека длабоко ја истражувал историјата на своето семејство и дека открил дека неговите предци биле православни христијани пред да станат муслимани. Овој процес на самооткривање за него бил клучен, како што самиот рекол, бидејќи сакал да знае каква е неговата семејна историја.
- Кога се крстив, христијанството не беше во добра положба, но бидејќи верувам во културата, верувам и во Господ. Верувам дека тоа се случува преку културата – рече во една прилика Кустурица, додавајќи дека неговите предци биле муслимани повеќе од 250 години, но дека имал многу повеќе предци православни.
Режисерот истакна дека неговиот татко Мурат бил атеист и се изјаснил како Србин. Кустурица рече дека верува оти христијаните се на работ на исчезнување, нагласувајќи дека најважно му е што знае кој е и од каде доаѓа.
Овој потег, кој е длабоко личен и емотивен, предизвика многу мислења и поделени чувства кај неговите следбеници и пошироката јавност. Кустурица продолжува да биде во центарот на вниманието поради прифаќањето на православието, а неговите постапки продолжуваат да предизвикуваат дискусии за идентитетот, религијата и културните корени.
Фото: Youtube - screenshoot