Влезе во историјата на Олимписките игри, а потоа за време на прославата имаше потег кој расплака многумина

Каква ноќ за Кубанецот Лопез

Кубанскиот борач Михаин Лопез Нуњез влезе во историјата на Олимписките игри вчера како првиот спортист кој освоил пет златни медали во истата дисциплина, грчко-римски стил!

Во својата последна борба за златен медал, тој го победи својот долгогодишен тренинг партнер и поранешен сонародник Јасмани Акоста Фернандез со 6-0. 

Тоа беше емотивен момент за Лопез, чие име одекна од трибините, само две недели по неговиот 42 роденден. А тие години значеа само едно - дека повеќе нема да го гледаме Лопез на Игрите.

Го прослави златото со своите тренери, дури и фрли еден од нив на душек, а потоа направи потег кој расплака многумина.

Имено, Лопез клекна и ја бакна подлогата, а потоа ги соблече патиките и ги остави таму - симболично давајќи им до знаење на сите дека е готово, дека повеќе нема да го гледаме во рингот.